Потребно време за читање: < 1 минута

11. Чешма во минато за утре

Имаше две страни
кога седнав пред неа:
изгревна и залезна;
прво за кога ќе гаснам жед
за да не продолжам жеден,
после за кога ќе фаќам корен.

Затоа од едната страна
течеше бавно,
а од другата сосе
жива земја.

Стоеше долго пред мене
тоа голо дете мермерно
со голема крвава роза
во отворената уста,
со утра, самраци и ноќи
во четири сожери
на постоењето:
светлина, мрачнина,
годишни доба,
говор и молк.

Ќе има пак две страни
кога ќе легнам под неа:
плодна и пустинеста;
прво за да не ожеднам
во години,
после за да не исчезнам
во заборав.

Затоа од едната страна
ќе има извор во стена
од кој ќе дотекува
бистра вода,
а од другата бразда
како дамар од срце
низ која без престан
ќе истекува до која било
цел
на која ќе стасам.

Ја барам долго во сон
до неа,
до голото дете мермерно
со голема крвава роза
во отворената уста,
во четирите сожери
на постоењето:
светлината, мрачнината,
годишните доба,
говорот и молкот,
својата уморна сенка
со широко отворени
зеници
и весело лице.

Прочитај и за ... >>  НЕКОГАШ ПОНЕКОГАШ ИГРА, поетска студија за играта

Само да не ја најдам  
падната на земја,
а крај неа мој нов круг
со соголени, согорени
плодни дрвја.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here