Потребно време за читање: < 1 минута

45. Пречка за премолчен збор

Уморот на прозорците
во куќава со одамна
угаснато домашно огниште,
малку подотворени,
испокршени од силни ветришта,
по некој сончев зрак во здивот
и по некоја сенка во издивот,
ко да решил да потоне
пуст остров, без жива душа,
а само камен помеѓу две реки
одамна пресушени,
којзнае кога удавени
од непребол од недозбор.

Небаре ќе го исече наполу,
па ќе го здроби отполу
песјакот во окрвавената уста
на живот пред смрт,
на верба пред изневера,
на доблест пред снемога.

За да престанат
да го покриваат,
за да престанат
да го откриваат
бранови на замолк
и навреди и подлости
и ништожења.

За да го остават сам
да стави точка
на својата дребност.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here