Потребно време за читање: < 1 минута

18. Игра со ноќна пеперуга

Имаше една сенка што остана
доволно долго во твојата коса
за да не можам да ја скротам;
толку долго што да не знам
како се најдовме наеднаш
во темелот на истрошената куќа
скриена од намерници
и толкувачи на соништа.

Точно на полноќ,
во која страста не можеше
ниту молња да ја скроти
со сиот свој бес фрлен
на испустената земја,
еден од толкувачите го изваде
своето едно око со божилак
во зеницата,
како да е од голем бран
за неминовен потоп,
па ми подрече дека должноста
кон тебе во дел од твојата свест
е всушност многу здодевна ако
не ја откријам дури имам време
сушноста на смислата
и содржината на постоењето
на истрошената куќа.

Беше ироничен
и мошне симболичен
во откривањето дека
точно на полноќ се уморувавме;
здивот бесцелно си го мачиме
оти се работи за нешто трето;
рече за ваше дете,
за дете заборавено во игра рече.

Прочитај и за ... >>  НЕКОГАШ ПОНЕКОГАШ ИГРА, поетска студија

Потоа меѓу два древни камена
запаливме огон,
па те оставив за миг,
излегов да ги догледам
твоите планини
што ми ги докажа дури беше
гола облечена пред мене.

Потоа седнавме на брег
на бистра и жива река,
веројатно од молња, од страст.

Потоа толкувач на љубови
дојде, седна до нас
постојано шепотејќи
како да се плаши оти
не го разбирам,
оти е тоа само игра
со ноќна пеперуга.

Конечно ја видов како
одлетува од нашата самота,
кон тебе крената на небо,
кон мене легнат
на земја пустошна,
со ироничен
и мошне симболичен смев
на белото лице.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here