Потребно време за читање: < 1 минута

43. И замисла и само желба

Сакам да те видам,
да те видам коњ;
и тоа како бесцелно трча
низ празна улица
од кал и камен,
а по него чекори
горд, стамен,
вековит народ.

Ете, коњ си!

Утре пес што лае
на сенки од дрвја
извишени до небо
во длабока шума
од којзнае колку векови.

Пес си!

Сакам да те видам,
да те видам око;
и тоа дури сум буден
на полноќ
за да не те досонам
надежна, па залезна.

Око си!

Всушност, ова сѐ е
само уште една победа
на достојание и верба
во живот достатен
помеѓу неизвесност,
смисла и бесмисла.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here