Потребно време за читање: < 1 минута

12. Секната чешма

Ја паметам од мали години
сета од камен
со две отворени усти на лав
во сонце;
на две страни,
кон исток и запад,
и дрвено корито пред неа.

Одев со старите по вода,
сите со стомни
и бакарни ибрици в раце;
некои и со кожени мевови
на рамо.

Кога ќе седнев пред неа
еднаш да се напијам
(двапати не од што беше
многу студена водата),
ми идеше како да течеше
од едната страна пребавно,
а од другата пребрзо;
како тоа да зависеше
од моето и време
и од мојата расположба.

По многу големи години,
кога почнав сѐ почесо
да здивнувам и починувам,
појдов да видам
дали е уште жива.

Стоеше на голо дете 
од мермер
и на голем отворен цвет;
сосе утра од четири реда,
а ниту трага од двете
отворени усти
на лавот во сонце
на две страни,
кон исток и запад,
и од дрвеното корито.

Прочитај и за ... >>  НЕКОГАШ ПОНЕКОГАШ ИГРА, поезија/поетска студија за играта*

Легнав под неа
еднаш да се напијам;
пиев ли пиев,
но жедта со спомени
не ја угаснав.

Заедно со моите
собеседници,
едномисленици
и невини очи со нас
побаравме да не случајно
е тука некаде.

Една долга и уморна сенка
со свиткана снага
од векови тегобен живот
и илјадници години минато,
без радост и тага,
во молк, достоинствена
ја најдовме на гола земја,
со нов круг
од до корен суви стебла,
а извишени до небо.

Ѝ направиле бразда
за без престан да истекува
нејзината бистра вода
до нечија цел.

Јас со моите собеседници,
едномисленици
и невините очи со нас
долго стоевме пред неа
безнадежни.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here