Потребно време за читање: < 1 минута

28. Разговор на минување

Нашето дете ни голо
нема да го завеат зборови
со кои му го именувавме
светот.

На студ ќе го облечеме
во топли бои;
може само во црвена
за оддалеку да се гледа
огнено.

Со црвена кошула,
црвени пантолони,
црвено палто?
Да, и црвени цокули
и црвен качкет.

Да, да, огнено дете
е и ќе биде нашето!

А ако наскоро го стават,
ако го оковаат
во тешко, дебело,
старо дрво без корен
и со синџир на вратот?

Ти го замисли тоа?
Ти го замислуваш?
Не. Само мислам.

Не додека пред нас
трча како да лета.
Не така.

Добро. Доволно.
Замолчи, молчи.
Да нема ништо
што ќе го премали.

Да бегаме. Заедно.
Додека до нас
не довјасале смрти
без слободи.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here