Предупредување на невролозите: удирањето топка со глава го оштетува мозокот!

0
56

Во САД група невролози спровела истражување чии резултати говорат за оштетување на мозокот кај младите фудбалери поради удирање топка со глава.

Докторите анализирале 38-мина 30-годишни фудбалери кои од детството се занимаваат со фудбал и им ги скенирале главите за да ги утврдат оштетувањата. На оние што и сами признале дека често ја удирале топката со глава им се пронајдени повреди кај подрачјето на фронталниот, како и на задниот дел од мозокот. Инаку, тие делови се одговорни за концентрацијата, паметењето и визуелните способности.

Во друга студија истата група на играчи решавала мемориски тстови. Оние што во кариерата повеќе пати ја удирале топката со глава имале полоши резултати.

Заклучено е дека до оштетувања на мозокот може да доведе удирање на топка со глава, посебно во раното доба, кога мозокот се уште се развива, а штетата може да биде направена и ако во детството сте удирале топка само илјада пати. Според нив, затоа треба да се забрани фудбалот или на младите играчи на почетокот од кариерата да ја користат главата за удирање на топката.

Реклама

Инаку, Англискиот фудбалси сојуз (FA) се осврна на истражувањето тврдејќи дека денес топките се од полесен материјал одошто тоа биле во минатото и оти студијата е спроведена на премал примерок за да се земе предвид.

Но се чини е неспорно: топката на тренинг се движи околу 50 км на час, а на натпревар околу 100 км, па ударите со глава можат да бидат опасни, особено ако се повеќе од 1.000 во една година.

Научници од Универзитетот по медицина „Алберт Ајнштајн“ го скенирале мозокот на фудбалери доброволци. Откриле дека оние играчи што ја удирале топката со глава помалку од 1.000 пати немаат позначајни штети на мозокот, додека оние со повеќе од 1.000 удари имаат, па таа бројка ја прогласиле за „сигурна зона“.

Тоа сознание го разјаснува случајот на англискиот фудбалер Џеф Естли, од тимот „Вест Бронвич Албион“, кој умре во својата 59-та година во 2002. поради дегенеративна болест на мозокот настаната од премногу удари во главата.

Оние што во екипата се „задолжени“ за удари со глава често имаат очигледни знаци на блага траума на мозокот и потешкотии со концентрацијата, паметењето и когнитивните задачи.

„Штетата од повреди се „собира“ со текот на времето и подоцна во животот на играчот предизвикува вистински проблеми“, изјави водителот на истражувањето Д-р Мајкл Липтон.

Меѓутоа, има научници кои неговата анализа не ги убедила.

Д-р Ендрју Ратерфорд, од Универзитетот „Кил“ во Англија, кој со години ги истражува можните повреди на фудбалерите при удари на топката со глава, вели дека се уште не пронашол доволно докази за таквото тврдење. Тој смета дека повеќето трауми се случуваат при судар со глави на играчите кога се обидуваат да дојдат до топката во воздух, отколку од самите контакти на главата и топката.