Лице в лице - сега е достапно онлајн Kupi Lice v lice - sega e dostapno onlajn
Купи Лице в лице - сега е достапно онлајн
Потребно време за читање: 2 минути

-Едно од бројните промашувања на ФБИ: тајни документи за Џон Ленон кои се покажале дека не се тоа;

-Колку вреди гитарата на која почнал и научил да свири „битлсот“ МекКартни? Дали е тоа последната цена за која е продадена?

„(Не)доверливи“ документи на ФБИ за Ленон

Американската федерална полиција ФБИ објави документите за Џон Ленон кои биле тајни во текот на 25 години оти наводно содржеле информации битни за сигурноста на САД. По нивниот преглед е утврдено дека во нив нема ништо „битно“. ФБИ ги објави документите на интернет страницата www.lennonfbifiles.com по приговорот од страна на американскиот историчар Џон Винер кој, како што е наведенп, првиот приговор го предала уште во 1981. година, а по него и некои групи за заштита на човековите права.

Што објави ФБИ? Ништо непознато. На пример, фактот дека Ленон бил мировен активист и се залагал за сиромашните во Велика Британија и во светот. Или дека Ленон и Јоко Оно потпишале петиција за поддршка на Камбоџа кога во текот на виетнамската војна САД ја бомбардираа таа земја.

Интересно е дека ФБИ одбивал да ги објави тие документи тврдејќи дека некои од нив содржат „информации за националната безбедност, што ги доставила една странска влада под услов да останат доверливи“.

Спомнатиот Винер коментира дека денес може да се види оти аргументот за националната безбедност бил апсурден од самиот почеток.

Како што е познато, Џон Ленон, член на легендарната група „Битлси“, на 8 декември 1980 година на влезот од неговата куќа го уби непресметлив обожувач.

Првата гитара на Макартни продадена за 614 илјади долари

Акустична гитара „Рекс“, на која поранешниот член на групата Битлси Пол Макартни ги научил првите акорди, му е продадена на еден американски колекционер од Аризона за 330.000 фунти (614.000 долари), на аукција што се одржа во легендарното студио Ејби роуд во Лондон.

Станува збор за важен дел од рок историјата, истакнал среќниот купувач, извесен Крег Џексон.

Митската гитара на продажба ја ставил Ијан Џејмс, близок пријател на Макартни.

Главен јунак на лицитацијата бил Џон Ленон чии предмети се разграбани по двојно повисока цена од реликвиите на останатите Битлси. Еден купувач дал 30.000 фунти за познатите ленонки, очила кои му припаѓале на Ленон.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here