Потребно време за читање: < 1 минута

47. Надеж-Надевање-Верба-Верување

Во скудно време две нешта на човек му остануваат, а што никој не може да му ги одземе, никој да му ги згасне: надевањето и верувањето.

Човек живее во надеж дека ќе мине сè. Ќе ги надмине и сите грижи, ќе ги одболи и преболи, и пак ќе си остане што е.

Човек верува во себе и во други оти знае колку тоа го додржало и го додржува во векот. Без верба легнуваш да не станеш, заспиваш да не се разбудиш.