Потребно време за читање: < 1 минута

32 Утеха

Утеха бараш и наоѓаш сам, во себеси или од други, со други. Се разбира, кога ти треба. Ама е до тебе, е со тебе, еднакво во тебе и кога мислиш дека не ти треба, дека можеш без неа. Кога си неутешлив.

Утехата сама по себе е најповрзана, може нераскинливо со болката. Значи, обете големи колку што се големи, обете потребни една на друга.

Утешуваш или те утешува близок. За да му ја олесниш болката, да ти ја олесни, за да му го намалиш патењето, да ти го намали. Може и далечен. На далечина.

Пред сè друго во врска со утехата:

Најголема утеха во љубов и со љубов.