Потребно време за читање: < 1 минута

15. Здравје

Да може со здравје да се додржуваме на нозе дури сме со наше време. А после, кога ќе ни мине, долго во болештина да не сме.

Со негрижа сме спрема своето здравје сè дури не заболиме подолго време, па откога ќе (под)оздравиме пак си остануваме негрижни. Така дури сме на снага и дури брзаме и трчаме во животот.

Прво здравје, па сè друго си велиме. Со здравје во живот, здравје за живот, за здравје цел живот.

Зарем и здравјето да ни зависи од политиката? Кој може да го поднесе тоа? Го поднесуваме?!

Да, ни зависи сè повеќе, и тоа не од некаква, туку од зломислена здравствена политика. Оние што прават да не ни зависи, се соочуваат со жива мака: оние пред нив сториле толку многу да зависи, да не можеме ни да дишеме, а камо ли здрав воздив и издив да си имаме.

Прочитај и за ... >>  ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 19

Не го поднесуваме тоа, но не можеме ништо друго да правиме освен да паметиме. И, ако не знаеме, што побрзо да научиме со што и како може да ѝ наштети политиката на нашето здравје. Па сите заедно да водиме здрава политика.