Потребно време за читање: < 1 минута

137. Залез

Тоне сонце
во моите воздиви;
црвено, скрвавено,
како рането од злодоба,
од војни во порази,
од морнини во осами.

Јас не можам подалеку
од себеси со тебе љубов
во денов студен, жеден
пред суша и сув ветар;
предолго ми го жали
заминот од сѐ што било
несон, надеж, немост.

Уште еден чекор
кон твојата сенка
што ми иде докрај
да ме пустини за збогум
по простување.

Може само спомен
во мермерен камен
и изделкан почин
без зборови
ќе остане меѓу нас
откако ќе ме скамени,
откако ќе ме снеможи,
откако ќе ме сневиди
твојата убост љубов.

Додека тоне сонце
во моите воздиви.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here