Потребно време за читање: < 1 минута

126. Сите годишни доба

Сите годишни доба
мигум ги одживеав,
та можам
да ги прикажам како
преживеани.
Затоа што бев во нив,
со нив, бев како нив
и помеѓу нив.

Секако дека не сум
единствен кому тоа
му се случило,
особено ако е знајно
дека мигум
воздив и издив
оставам во предели
кои крвта, срцето
и душата човекови
ги освоиле, усвоиле,
ги населиле
како дамна заумни,
како отсега стварни
со земја до небо
вековити, слободни,
плодородни.

Сите годишни доба
мигум ги одживеав
преживувајќи ги,
со намисла да пуштам
длабоки корени
за паметење.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here