Потребно време за читање: < 1 минута

114. Поетот пред народ

Го собра народот поетот
помеѓу гори и долини,
се собраа и сите божества
на светот околу него,
па се искачи
на највисокиот врв,
за сите да го слушаат
и викна да пее:

„Народе мој исконски,
пред да исчезнеме заедно,
ти, јас и сиве божества
на светот со нас,
дури имаме уште малу
наше време
бар да научиме дека
беспаќата во човекот
се безмерни;
не може никој сам
да ги надмине,
а по нив да остане
она што е.

Народе мој исконски,
сите ние,
и ти и јас и божествава,
имаме свои беспаќа
кои ниту почнуваат некаде,
ниту завршуваат каде било
сѐ додека зад себе оставаме
траги неизбришливи;
за во некое далечно време
да дојде овде некој,
да ги открие
и помеѓу нив да пушти
свои корени.

Народе мој исконски
и вие божества на светот,
знајте дека беспаќава
во сите нас
се од раѓање до смрт,
сосе сите на нашите
предци и потомоци,
та затоа со умност
и достојание
треба да продолжиме
да ги откриваме,
да ги сознаваме,
над сѐ за нив
да го учиме светот;
дека нашите огнови,
нашите изгреви,
нашите залези,
нашите созданија,
нашите јунаштва,
рани и умирања,
сосе нашите гробови
биле, се и секогаш
ќе бидат во рамновесие
со природата,
а за човекување
на блиски и далечни
до последен.

Прочитај и за ... >>  СОЗДАТЕЛ ВО ИЗГРЕВОТ И ЗАЛЕЗОТ, XII, СЕМОЖЕН, НЕМОШЕН И НЕВОЛЕН, Немошен, поетска студија за беспаќата во човекот

Народе мој исконски,
уште малку има
иднина за сите нас
помеѓу гориве и долиниве;
како скаменети воздиви
на сила сонцева,
како неразделни срца
со неизмерна љубов“.

Jа заврши својата песна
поетот,
слезе од највисокиот врв
и продолжи
по беспаќата во човекот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here