Потребно време за читање: < 1 минута

33. Незамисливо

Почнале да се тркалаат
сенки на зајдисонце
до подножје на врв
на збор неизречен,
недоречен, па замолчен.

Се тркалале уморени
од надевање дека
пред изгрејсонце
ќе успеат да стасаат
човечки битија,
некогаш нивни,
во кои ќе ја пронајдат
смислата
на своето постоење.

А во подножјето
на врвот на зборот
сите една по една
ги пречекувала
бездна зломислена,
зловесна, злогласна,
нечовечка.

Една од нив, различна
според прозрачноста,
успеала со судни маки
да застане на полпат,
да отпочине под
крошна разлистена
на семејно дрво,
на него да го пронајде
најстариот збор

и со неговата силина
и со неговата длабина
во себе да се искачи
на неговиот врв,
па на него одново
да ја пронајде смислата
на своето постоење
вековито.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here