Потребно време за читање: 2 минути

Се разбира, се мисли на европските стандарди и регулативи кои во последниве години интензивно се вградуваат во аграрната политика, конкретизирани особено во земјоделството. Реализираните проекти и оние што се во тек, како и мерките што ги презема Владата, пред големата финансиска поддршка, но и техничката поддршка од странство, се повеќе ја назначуваат и афирмираат Република Македонија на мапата на светот како развиена аграрна земја.

Во изминатите 10 години мошне успешно се реализира проектот ГТЗ- германска техничка поддршка на земјоделско- прехранбениот сектор.

Македонските и германските експерти ангажирани во неговото спроведување истакнуваат дека е постигнат значаен успех во доближувањето, вокабуларот и начинот на дејствување, како и во прилагодувањето на законската регулатива. Како што изјави тим лидерот на ГТЗ Бобан Илиќ, потребно е уште работа, но на регулативите и прилагодувањето спрема потребните прописи е доста напреднато.

На одбележувањето на 10- годишниот период и наедно крајот на проектот експертот Ханс Рудат, инаку негов основач во земјава, изрази оптимизам дека Македонија ќе стаса порано или подоцна во Европа и со развиено земјоделство:

Прочитај и за ... >>  „Меѓународната“ знае дека Атина не е подготвена на разумен компромис!

„50 до 60 проценти во Македонија е земјоделство, ова е земја во која луѓето директно или индиректно се инволвирани во земјоделството, така да нема сомнение за местото кое оваа гранка го завзема во државата. Прашањето е колку е силно Министерството за земјоделство да соработува со останатите министерства од земјите во регионот. Мое мислење е дека Македонија е земја со способни луѓе и нема сомнение дека ќе стигнеме до ЕУ порано или подоцна“.

Важно е дека со завршувањето на ГТЗ не престанува поддршката на германската влада на македонскиот аграр, во рамките на проектите наменети за руралниот развој и преку други фондови.

Треба да се има предвид дека во рамките на усогласувањето на одделните пазаришно- ценовни политика ЕУ формира спеицифични политики за земјоделско- прехранбените производи.

Предностите на Република Македонија се пред се квалитетното земјиште, климата, квалитетната вода. Слабостите се бројни, почнувајќи од неостигот на обртни финансиски средства за производство и извоз, нивото на пазарна ориентација на производителите, недостигот од преработувачки и складирачки капацитети, завршувајќи со недоволното производство според потребите и барањата на странскиот пазар. Не треба да се занемари и мошне скромниот маркетиншки настап на македонските производители, како и ценовната неконкурентност на другите извозници.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here