Потребно време за читање: 3 минути

Вонредните парламентарни избори да се одржат, „фронтот“- всушност СДСМ со своите „сателитски“ партии да опстојат на својот став, и тоа без оглед дали по нивното одржување меѓународната заедница (а не „фронтот“) ќе ги оцени како максимално фер и демократски или со „забелешки“.

Притоа, да потенцирам, „фронтот“ да престане да манипулира со тоа дека без нив во македонскиот Парламент ќе нема опозиција. Затоа што ЛДП, чиј рејтинг расте и сигурно наскоро ќе го преземе опоизиционото „кормило“, искажа цврст став дека ќе учествува, а не „откажаа“ и некои други.

По вчерашната средба на лидерите на СДСМ- овскиот „опозиционен фронт“ и договорениот став нема што натаму да се бара, разговара, притиска, нуди, а особено да се тормози (буквално) јавноста со СДСМ- овскиот блеф.

Веќе не станува збор за страв на Црвенковски од изборите, туку за мошне провидна, ептен „гола“ политичка игра односно „проста математика“: не исполнување на поставените услови од страна на Владата (конкретно Груевски), туку нејзино (негово) „лизнување“ на „незаконски терен“: единствениот услов кој не може да го исполни- деблокирањето на сметките на медиумите на Рамковски, сепак „некако“ да се исполни и потоа „на сите да им стане јасно“ дека судството е „ВМРО“-вско и дефинитивно Македонија не е правна и демократска, туку „навистина тоталитарна држава“. По што ќе следи и една друга „лавина“- граѓанска, бизнисменска, меѓународна, која се разбира дека ќе има „максимален ефект“ и изборни „гаранции“ за успех.

Прочитај и за ... >>  Ако е „По утрото…“ Македонија зачекорува со „полн“ чекор

Впрочем, тоа вчера мошне немушто го потврди и „портпаролот“ на „опозициониот фронт“ на СДСМ, лидерот на „Нова Алтернатива“ (која никаде ја нема; постои ли?) Ѓорѓи Оровчанец, одговарајќи на новинарско прашање (ист одговор како на Црвенковски): за тоа како Груевски да ги деблокира сметките (кои патем не се блокирани, туку замрзнати со судска одлука), тој „требаше да мисли кога ги затвори сметките“. Клевета која еден зрел, искусен и достоинствен политичар би морал да ја аргументира, односно докаже.

Инаку, „цврстиот и јасен став“ е мошне „фаличен“ бидејќи единствено се врзува за приватни медиуми: процесот „судски треба да си тече како што тече, меѓутоа не политички, а медиумите да се тргнат на страна и да функционираат слободно“ (Оровчанец).

Клучно прашање: кој медиум, печатен или електронски, не е слободен- не функционира слободно во Македонија? „Блокирање“ на сметка е неслобода?! Ако е, значи во моментов повеќе од 20.000 приватни фирми не функционираат слободно- не се неслободни, што е крајно загрижувачки и навистина зборува за тоталитарно владеење и бизнисменско „опкружување“.

А што е со неплаќањењто на данок на дел од платите од страна на новинарите на „неслободните“ медиуми од „Перо Наков бб“ (или на нивниот стопан сеедно)? И тоа во долг период? Ја имам предвид презумпцијата на невиност, но ниеден од нив досега тоа одлучно не го оспори, што е, ако не и друго, барем јавна (само)одбрана на личното достоинство и достоинството на новинарската професија!

Прочитај и за ... >>  Црвенковски во Брисел: содржина иста, форма малку различна од „стандардната“

Што се однесува на другите „логични, легитимни, разумни и неопходни“ услови „за деморкатско измерување на силите“, тие воопшто не се спорни и власта (конкретно Груевски) јавно ги прифати.
Зарем прдедвремените избори ќе бидат режирани само затоа што власта, конректно Груевски не смее и не може да смени судска одлука?!

Интересно, но не и неочекувано е однесувањето на лидерот на НСДП: два дена пред „консултативниот состанок“ на СДСМ- овскиот опозиционен „фронт“ во интервју за „Утрински весник“ тој изјави дека со бојкот на изборите ќе се наштети на државата и оти не посакува такво нешто да се случи:

„Зад нас имаме 20 години парламентарна демократија и се надевам повеќе искуство и повисока политичка култура за да не и’ наштетиме на сопствената држава, независно кој е во право во овој момент. Бојкотот, по правило, значи дека се исцрпени сите демократски средства за компромис по едно политичко прашање“.

Притоа јасно додаде дека бојкот на следните парламентарни избори не е опција за НСДП.

Сега се обидува да го „оправда“ неговиот сопартиец Горан Мисовски:

„Бојкотот е една од варијантите ако не се исполнат одредени услови. Никој вчера не рече дека ние ќе ги бојкотираме изборите. Сега засега и двете опции се отворени“.

Прочитај и за ... >>  Засега ништо од „новиот“ СДСМ

А видни македонски аналитичари веќе укажаа дека избори без опозиција се можни, но тоа би било штетно за угледот на државата. Нема опасност дека Собранието ќе остане без опозиција, помалите опозициски партии ЛДП, ДПА, ВМРО-народна партија и Обединети за Македонија прифатија предвремени избори, но се разбира дека е најдобро партиите да постигнат консензус оти треба да се распишат предвремени избори и претседателот на Собранието да го определи рокот кога ќе се одржат.

Некои точно укажуваат дека за евентуалниот бојкот на најголемата опозициона партија и нејзиниот „фронт“ власта не може да биде одговорна, токму затоа што станува збор за политичка замка.

Потсетувам и на анкетата што деновиве ја спровел Институтот за политички истражувања од Скопје,. Според која граѓаните сметаат дека опозицијата неоправдано ги бојкотира изборите. Дури 46,1% од испитаниците сметаат дека изборите треба да се распишат, без разлика на најавите за нивно бојкотирање. Дури две третини од граѓаните се изјасниле дека не го оправдуваат бојкотот на Собранието од опозициските партии.

Инаку, забележано е дека нема пример од европските држави каде што се одржале избори што ги бојкотирала најголемата опозициска партија. Кај нас, изборите во 1994 година ги бојкотираше тогашната опозициска ВМРО-ДПМНЕ, која цел мандат остана надвор од Собранието. Но сега ситуацијата е различна, бидејќи тогаш ВМРО-ДПМНЕ го бојкотираше само вториот круг од изборите, кои ги прогласи за нерегуларни.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here