Потребно време за читање: < 1 минута

25. Уште еден длабок воздив

Кога бев деноноќно
неуморно
на своја врвица,
секој длабок воздив
ми беше пред
нов чекор,
сеедно дали
голем или мал.

Но отога сум
на чекор до живот
во смирение,
а на дофат ми е
заборавот
кого ќе го поразам
конечно
за никако да не може
да се вкорени
во запустена земја,
неговото
исушено, изгорено,
соголено,
бесплодно стебло
ниту на ветришта
заскитани
да не може никако
да им помогне,
веќе неизбројливи
длабоки воздиви
ми ги болат градите,
ми го немират срцето.

Еве сега,
токму во овој миг
на самотна мразнина
и неизвесно будење
пред невремиња
што навалиле на мене
од сите страни,
уште еден што
само јас се обидувам
да го смирам,
да го стивнам,
да го превозгомнам
во мене.

За да не останам
кај што сум:
на чекор до живот
во смирение,
а на дофат ми е
заборавот
кого ќе го поразам
конечно.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here