43. Доблест
Живее човек исправен,
извишен, стамен,
на висока голина;
зборот му е редок,
а слушан во далечина.
44. Стамена снага
Тој не дава
снага да му свијат
ни ветришта студни,
ни модри облаци
со секавици,
ни какво-годе друго
невреме.
Дури има век.
45. Премреже
Успеа најпосле таа
со сончев зрак в срце
да помине премреже
што скаменува
љубов и смирение.