Потребно време за читање: < 1 минута

123. Река

Надошла река
од голема планина
и надонела дрвја
стари, откорнати,
што ја кротеле,
што не ѝ давале
да се излева,
да си го шири
коритото,
сал таа да живее.

 

124. Несакани

Напуштени, сами,
оставени сами
да трошат снаги
во борба против
наезди
на животни, птици
и секакви бубалки.
Тие стени, големи,
до небо високи,
вековити.

 

125. Сè подалечни

Не знам зошто
и не знам како
ти, птицо мала,
од мене што
си одлетала,
та си долетала
до брег на море
ту спокојно,
ту пенливо,
со небо и земја
сојузено.

 

126. Не знам дали

Ма сосем е неважно
дека веќе не знам
кога, зошто,
а не знам ни дали
некогаш пак
ќе заживеам
меѓу стварност
и заумност
како збор во игра;
детинест,
на сонце жизнен,
измислен, игрив
и слободен.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here