Потребно време за читање: < 1 минута

90. Самобитен меѓу луѓе
и божества

Обграден
од сите страни на светот,
со сите годишни доба,
до небо се извишувам
и доземи се поклонувам
на Ѕе
што ме роди од камен,
па да фатам корен
во земја плодна;
пред грабливи
и безлични силници
да ја опустинат.

Ама не им се препуштам
на молњи горешти,
на облачишта корави
и на маглишта сенишни
што со векови навалуваат
на мојата самобитност
природна.

Зашто сум јас, единствен
меѓу луѓе и божества
за заедно
ни зла сувомразица
од дребнава игра
предавничка
да не може да сотре
семе што изртува
спроти безнадежности,
тишини и бездни.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here