381. Понорница од животот
Понорницава понира во карпи за мене,
па избива на поврвнината без мене.
382. Доцен час
За вас е доцен часов во кој
ве оставам без ништо мое.
383. Рози
Неколку рози за знајна љубов
што ми угасна кога зазори зора.
384. Мироносец
Никој од мажите и жените во тихост
не го догледува мироносецот пред нив.
385. Грижа
Се грижам за сите уморени
на кои целта им е предалеку.