486. Со леснина
Со леснина да мине
ова долго приклучение.
487. Зломисла
Да е жив, а мртов
слободоумников.
488. Претчувство
Нешто ми вели дека ништо
нема да се случи скоро.
489. Сѐ исто
Околу него е предолго сѐ исто,
та не гледа колку брзо се менува.
490. Силник и слабодушен
Силен надбива слабодушен,
па го надигрува, па го надвива.