НЕШТО ИДЕ НЕКАКО САМО ОД СЕБЕ, поезија/двостишија

Потребно време за читање: < 1 минута

496. Голем човек

Никој да дорасне
до големиов човек.

 

497. Премалена снага

Една премалена снага
штотуку во мир почина.

 

498. Збришани

Се собрале збришани
таено за крик и восклик.

 

499. Предводник

Слушаат од него „Само напред!“
и слушаат од него „Никако в место!“.

 

500. Слободен лет

Конечно птица игралита
на небо во слободен лет.

Leave the first comment