446. До кога
До којзнае кога
со снага исправена.
447. Секаде
Каде и да сум во следниот миг
ќе те мислам жизнена, љубов.
448. Сопатништво
Нашето сопатништво
и на светол и на темен пат.
449. Најдалечен
Најдалечен од оној
што не може со мене.
450. Ете
Ете, нека биде
како може за тебе.