Потребно време за читање: < 1 минута

4. Црв во јаболко

Старецот, седнат на триножно столче под старото ореово дрво подалеку од својата куќичка, пресече јаболко наполу и го излупи со своето ноже. Меѓу семките забележа мал бел црв кој како да беше изненаден од пладневната виделина.

Се гледаа меѓусебно за миг, па старецот му се насмевна добродушно и со врвот на ножето внимателно го извлече и го положи на земја.

Промрмори:

„Не требаше да чекаш да те изнесам на виделинава како показ и доказ дека јаболково е здраво. Како не ќе е, кога јазболкницата зад мојата слободичка ја одгледувам и ја чувам од невремиња кои носат со себе секакви отрови“.

Црвот положен на земја долго не се помрднуваше од место, како веќе да не беше жив, а старецот бавно и долго го јадеше јаболкото сечкајќи го на ситни резанки.