Потребно време за читање: < 1 минута

11. Мразнина во душа

Мразнина душа прибрала
во себе,
во својата срцевина,
со намисла
да ѝ вдахне живот
или да ја разнебити
ако тоа не ѝ успее.

Таа, пак,
како да се издвоила,
како да избегала,
како да се населила
во неа една и сама
од мразен свет
скришно, несетно,
без простување и збогум.

Мразнина во душа
на премален човек
од јадост, од јарост,
јанѕосан.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here