НА МОИ ГОДИНИ, Средишни песни, стихозбирка

Потребно време за читање: < 1 минута

34. Сал корени

Останале сал мои корени
во меѓувреме,
меѓу родени и мртви
знајни и од ветар одвеани.

Овде, во оваа земја
пустелија,
под ова парче небо
што не дава и тие
ко сите без никој свој
да изгнијат.

А ме болат некои
стари, живи,
на мои блиски и далечни
предци,
излезени на поврвнина;
како да се обидуваат
може за последен пат
мене да ми ги прекажат
нивните искони.

Догледав длабина, легло
мене што ми направиле,
та го обградиле
да не може никој
коски во нив да одмори.

Легнав во него
да починам на мојот крај,
откога го завршив
моето долго патешествие
низ светот.

Leave the first comment