НА МОИ ГОДИНИ, стихозбирка

Потребно време за читање: < 1 минута

1. На доглед

Чистина пред мене,
на доглед на тишина
што се протега
помеѓу еден и друг
говор
во еден мој ист сон.

Тишина која несетно
ме надвладува,
ми премалува снага.

Чистина во која скоро
ќе зачекорам
со последни чекори
спокојни и бесцелни.

Leave the first comment