16. Мрачнина
Во несогледлива мрачнина од скоро.
17. Планина
Една планина од дамнина неискачена.
18. Тече река
Река без сетување дека пресекнува.
19. Оставам
Оставам нешто мое, а не знам кому.
20. Не значи
Не значи ништо да те видам најпосле.