351. Пејовити
Собрала песна пејовити момци.
352. Забер
Надвиснал забер над длабина.
353. Огледување
Убост се огледува во скришен извор.
354. Сеач на согласки
Сеач сее согласки во говор грмежлив.
355. Нуркач
Нуркач им одзема тишини на стени.