Потребно време за читање: < 1 минута

25. Смирение

Се оттргнувам од себеси,
ми се оттргнуваат нештата
околу мене и во мене;
како да е веќе неважно
кај сум, зошто сум,
од кога сум, дали сум,
кое каде е, кое зошто е,
од кога е, до каде ќе е.

Ме загрижува дека
се оттргнувам од себеси
гледајќи се снеможен
длабоко во ниедно доба
на мојов опстој самотен.

Ме загрижуваат некогаш
нештата
што ми се оттргнуваат
обидувајќи се сосем
или одвреме-навреме
да бидат слободни,
од мене независни,
значи за ништо
да не ги користам,
за нешто што не ми е
дел од секидневноста.

Знам дека ми е само
смирение
на телото и душата
во рамновесие
оттргнувањево мигум
од себеси,
заедн о со нештата
околу мене и во мене.

Дека скоро ќе ме нема
мене без нив,
но ќе ги нема и нив
без мене.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here