Потребно време за читање: < 1 минута

31. Бог

Носи го Бога во себе за да го совладуваш Времето. Верувај во твојата моќ за да не те совлада туѓа, ама верувај и во Бога за најмногу од сè божествено да ти е.

Бог е секогаш во оние што веруваат во себе, но им веруваат и на оние кои со работа и дело го потврдуваат својот опстој.

Бог е во оние чиј сомнеж ги поттикнува да го откриваат, спознаваат и освојуваат непознатото.

Бог е секогаш во човекот за да го очовечува.

Со Господ секако и при стоење во место и при назад и при напред.

Со верба во Бога и самодоверба.