Потребно време за читање: < 1 минута

24.Вистина

О, вистино! Кој може тебе да те порази? Лагата никако и никогаш, туку само оние што ја кријат и умираат со неа скриена. Да, и оние што се плашат таа да не ги открие угул голи. Какви што се, а не какви што ни се прикажувале или ни се прикажуваат.

О, вистино! Што најдолго те покрива за оној кој не може ни да живурка без тебе? Неискреноста, заблудувањето? Најмногу ветувањето.