Потребно време за читање: < 1 минута

2. Живот

Вредноста на животот е во загработ на секој негов миг. За да не те одмине или залудно да ти мине.

Да знаеш да живееш, значи дека си научил колку е животот  минлив, дека ништо друго не останува по него освен малку  време со дело, некој чекор што совладал празен простор и  малку спомен дека си бил.

Не трчај по животот и не се обидувај да го продолжуваш повеќе отколку што ти е пишано. Затоа што ќе се случи тој  предвреме да те претрча, па да стави точка на сè.

Биди задоволен од себеси додека си жив.