Потребно време за читање: < 1 минута

18. Тага

Од тага човек губи едновремено разум и снага.

Може да се издржи некое време со неа, но ако трае предолго може да се стори нешто несторено, да се смисли недомислено. Притоа, последиците ниту да се догледаат, ниту да се мерат.

Слушни ја мојата тага. Дослушај ја, па помогни да ја совладам, да ја надминам. Помогни да се ослободам од неа.

Да ја чујам твојата тага. Можеби ќе можам да сторам нешто за повеќе да не е ниту твоја, ниту наша.