fbpx Прескокни до главната содржина Opens in a new tab

СТИХУВАНИ БЕСЕДЕЊА, стихозбирка

20. Меѓници

Се множат меѓници
меѓу имоти на луѓе
и луѓе,
но како ништо
да не се случува,
како сѐ на светот
да се одвива според
нужност
и обусловеност.

Меѓници се множат
меѓу имоти и луѓе;
едни паѓаат
од небо ведро,
други
од небо облачно,
а трети надоаѓаат
по војски
како траги од нивни
скрвавени рани.

Едновремено,
одвреме-навреме
меѓу луѓе без имот
се најдува некој што
ѝ пркоси на смртта
да ги збрише меѓите
и да ги расфрли
меѓниците
на сите страни;

за да може секогаш
кога ќе посака
во слобода да пооди
кон сонцето
во неговото срце
да ја испее докрај
песната на старецот
како јад, како крик,
молчешкум
што му ја пееше
на умирање.

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.

Важна напомена: Сите права се задржани. Не е дозволено какво било преземање, копирање, објавување или преработка на делови или цели содржини од овој портал без претходно одобрение од авторот, редакцијата и/или издавачот. За секоја повреда на авторските и сродните права, Паноптикум го задржува правото да побара надомест и соодветна правна заштита.

Уредничка напомена: Во подготовката на содржината може да се користи дигитална/AI асистенција како помошна алатка за јазична, структурна, истражувачка или визуелна обработка. Финалниот текст е уреднички прегледан и објавен под одговорност на авторот и/или редакцијата. Главната илустрација на написот може да биде фотографија, авторска/архивска слика или AI-генерирана концептуална илустрација создадена за визуелна поддршка на текстот.