Потребно време за читање: 4 минути

Оние што внимателно и во долг период ги следат збиднувањата во Грција, воопшто не се изненадени од вклучувањето на алармот за нејзин спас во последен час. Севкупната, значи не само економската криза (давењето во долгови), е резултат на повеќегодишна катастрофална политика на партијата што „на подолг рок“ е фрлена на „буниште“- конзервативната Нова демократија. За во „догледно време“ да се врати на политичката сцена, и треба комплетно „прочистување“ кое тешко дека ќе може да го „изведе“ новиот лидер Андонис Самарас, познат според своите декадентни, деструктивни и националистички ставови и позиции.

Секако дека повеќегодишните внатрешни, пред се економско- социјални проблеми се рефлектираа и на надворешната политика на Грција, а во нејзини рамки и на проблемот што го има со името на Република Македонија (значи не со нејзиното уставно име, туку со „Македонија“). Што не значи дека во процесот на нејзиното „заздравување“ може да се случи позначајна промена. Напротив, многу е пореално негово маргинализирање и одолговлекување поради „концентрација на силите“. Тоа „привремено“ и се случи на самитот на Советот на Европа.

Грчкиот премиер Јоргос Папандреу најави нови итни мерки на „сечење“ на јавната потрошувачка и зголемување на приходите, предупредувајќи дека земјата е во опасност „да потоне во сопствените долгови“. Помеѓу нив се истакнуваат забраната на натамошно вработување во јавните служби, намалувањето на социјалните давачки, како и данокот од 90% на бонусите на водечките луѓе на банките. Тој повика на национално единство и вети дека дефицитот во Буџетот ќе го намали од моментните 12% на 3% до 2013-та година.

Прочитај и за ... >>  Храната и нафтата

Грчкиот јавен долг изнесува 300 милјарди евра (3 пати поголем од најголемата членка на еврозоната, Германија), односно 114% од БДП, додека дефицитот е околу 12,5%. Се очекува 2009-та да се заврши со 12,7%, со што се пречекорува лимитот од 3% за земјите кои го имаат еврото како платежно средство.

Папандреу предупреди дека Грција „изгубила секоја трага од кредибилитет“ и оти итно мора „да направи нов општествен договор“, зашто низ намалувањето на јавната потрошувачка „сите ќе бидат во непријатна ситуација“.

Сепак, целта на мерките што ќе бидат спроведени е пред се заштита на најсиромашните и средниот слој на граѓани.

Нешта „конкретни“:

1) Водечките европски компании од здравството му се пожалија на Брисел дека грчкиот систем на јавна здравствена заштита не им ги плаќа долговите од речиси 7 милијарди евра за лекови и други производи.

Премиерот Папандреу на почетокот од кампањата за елиминација на митото во државниот сектор посебно ја издвои корупцијата во набавките за болниците, потенцирајќи дека е потребно „итно да се искорени“.

Како што објави „Фајненшел тајмс“, Федерацијата на фармацевтската индустрија и здруженијата (EFPIA) поднесе официјална жалба до Европската комисија зашпто Владата на Грција ја прекршила директивата на ЕУ за брзо исплатување на сметките.

Се наведува примерот на швајцарската компанија „Octapharma“, специјализирана за производи од крвна плазма, која неодамна добила привремена пресуда да ги блокира средствата на една грчка болница која и е должник. Од компанијата потврдиле дека се работи за долг од „десетина милиони евра“;

Прочитај и за ... >>  За што се доделува Нобеловата награда за мир

2) И водечките политички партии се „до гуша“ во долгови.

Имено, владејачката „ПАСОК“ и опозициската „Нова демократија“ имаат големи долгови спрема банките и се целосно зависни од државни субвенции. Како што објави грчкиот весник „То Вима“., тие должат над 130 милиони евра, а во аванс добиле државни субвенции до најмалку 2016-та година. Во 2010-та се предвидува да добијат по 109.343,200 евра, во зависност од резултатите кои ги постигнале на предвремените парламентарни избори на 4-ти октомври.

Законот од 2000-та година им забрани на партиите во Грција да бидат спонзорирани од фирми, а единствениот извор на финансирање се државните субвенции и членарината на припадниците на партијата. Сепак, „ПАСОК“ и „Нова Демократија“ земале и банкарски заеми, па сега задолженијата им ги надминуваат можните приходи.

Во тек е расправата во грчкиот Парламент за донесување на новиот рестриктивен буџет за идната година, која треба да трае до 23-ти о.м. на полноќ. Тоа е обид да се обнови кредибилитетот на земјата. Главна цел е грчкиот дефицит, кој сега изнесува 112% од БДП, да се намали на 109%, а државниот долг да се намали со комбинација на штедење и подобро полнење на државната каса. Приходите, меѓу другото, би требало да пораснат и благодарение на најавената решителна борба против затајувањето на даноци и други малверзации.

Најголемата опозициона партија „Нова демократија“ смета дека предложените мерки не се доволно остри, иако огромниот кусок во Буџетот настана токму додека таа беше на власт. Од друга страна, синдикатите веќе најавија дека ќе организираат штрајкови.

Прочитај и за ... >>  Укинување на визниот режим за Македонија: И како последна, надежта сепак умира!

А претседателот на Европската централна банка, Жан Клод Трише, апелира до 16-те земји на еврозоната да ги намалат своите дефицити најдоцна до 2011-та година и оти банките мораат да ја повратат својата улога на давања за набавување на средства за стопанството.

„Во земјите на еврозоната буџетските дефицити мораат да се намалат најдоцна до 2011-та година, а во некои земји веќе во 2010-та, за да се зачува довербата во државните финансии“, изјави тој за весникот „Билд ам зонтаг“.

Тој истакнува дека и во Европа и ширум светот мора да се научат лекциите по финансиската криза за тоа како да се направи финансискиот систем поотпорен. Им упатува апел на банките со поволни заеми да помогнат и да ја ублажат кредитната криза.

Владата на гереманската канцеларка Ангела Меркел одобри Буџет за 2010-та година кој предвидува рекорден долг од 85,5 милијарди евра. Едновремено е најавено штедење до средината на идната година, за да се поврати „фискалното здравје“ на земјата по големата јавна потрошувачка во борбата против глобалната финансиска криза. Целта е да се намали структурниот дефицит од 2011-та година за околу 10 милијарди годишно.

Приведеното е само показ на крајно неповолното „евроопкружување“ на Грција, а што секако ќе се одрази и врз „расположението“ на нејзините сојузници во ЕУ (и НАТО) за нејзините „меѓународни актигвности“, како што е наци-фашистичкото однесување спрема Република Македонија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here