Потребно време за читање: < 1 минута

22. Спокој

Посведочувам дека засега
дури во ниедно време
успевам умешно
да го бранам спокојот
на моите љубови
од навалици
на сиви рамнодушности
и сурови премрежија
што идат како ветришта
во бранови.

Оти од никого не кријам
колку сум сѐ понемоќен
без него, без него
колку брзо ќе се случи
пустошна самота
во моево срце излезено
да му се нарадува
на сончевинава.

Спокојот
на моите љубови
има ведро лице
со топла насмевка,
љубопитни очи
и детинеста,
невина гола снага.

Таков е за секој
што не се обидува
да го порази,
што не му иде на ум
да го разнебити.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here