Потребно време за читање: 2 минути

Имаше многу шума и трње во планината. Потоа карпи и изгорена и загорена трева, како намерно направена, како да имало пожар. Зад планината доаѓаше река. Малку широка, најчесто од дожови што минуваа тие денови.

Беше тешко да ја качуваме. Висока, а стара. Од едната страна тоа воопшто не беше можно. Единствено низ шумава. И трње! Еднаш по рацете, па во лицата. Но, малку ги чувствувавме. Бидејќи возбудата дека доближуваме кон врвот со широк костен стануваше сè подолга. Зад врвот со широк костен реката во која ќе влегуваме цел ден.

Реката често се излеваше. Првеше големи поплави, особено по пролетните дождови. Со време си направила неколку корита, со неколку насипи како граници. Тоа беше интересно. Дали е конечно скротена, дали по големите поплави си ја навраќа водата во ова последното?

Размислувавме колку е сето тоа сериозно. Нашите доживувања, нашите немири, нашите авантури! Колку се тие тоа? Разговаравме често. Таа кажуваше дека е наивно да очекуваме нешто друго кај костенот, освен сенка и костени. А што друго? Ниту Марија Имотска, ниту јас можев да замислам нешто друго. Па сепак, упорно се искачувавме кон врвот!

Прочитај и за ... >>  Морам да ти докажам дека и јас, Јасене Виорски, можам да ги опишам природата и твојата болест, Марија Имотска.

Напорот ни е преголем за тоа, Јасене Виорски, ме убедуваше таа. Ако знаеме што сакаме и што бараме, досега можевме да најдеме.

Јас се обидував да не ја испуштам од раце оти можеше да се стркала удолу! И успеав да ѝ доречам дека ќе ја земам под костенот. А тоа што ќе го видиме одгоре ќе биде единствено и ќе ни биде доволно.

Што ако нè види некој?, ме праша малку исплашено. Ако нè открие? Не ќе можеме да му избегаме! Може да нè нападне. Се плашам!

Безразложно, Марија Имотска. Немаш причина за страв. Не си сама, туку со мене. Зошто страв?

Не знам, Јасене Виорски. Нели ни се случувало тоа досега?

Па што? Кога ни се случувало ништо не ни се случило! Ќе нè видел некој, ќе сме го виделе како прикриено ни се доближува. Потоа ќе го откриеме, ќе му се обратиме учтиво. Тој ќе се збуни и ќе нè остави намира.

Прочитај и за ... >>  МАРИЈА И ЈАСЕН, роман

Имаше црвено и испотено лице дека искачувавме шума со трње. И карпи и изгорена и загорена трева, како да имало пожар.

Имаше само сенка под костенот. Под нас доаѓаше реката.

Прво си направивме ѕид!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here