Потребно време за читање: < 1 минута

8. Јас и Заборавот

Му предавам на Заборавот
заробен ветар
од мојата последна војна
со силници кои немаат
свои корени,
па пустошат земји
за по нив ниедно семе
на нив да не никне.

Не му предавам ништо
на Заборавот
од моите скитања
низ светот
со откриени и освоени
предели;
сосе дела на природата
кои не може да ги збрише
никоја од војските
на гневот и јадот
за никаде до никогаш.

Не му се предавам
на Заборавот
сè додека во него
сите се раѓаат умирајќи
сега.

Напротив,
секаде и секогаш
во иднината со минато
сите наши несогласја
ги надминуваме
како добри соседи,
како разбрани сожители,

свесни за минливоста
на времето без трага
сомнежна.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here