Потребно време за читање: 2 минути

31. Миленик

Лилјана и Ѓорѓија Соколови се млад брачен пар на кој сум му близок пријател. Во брак се речиси пет години, љубовта им е исто нескриена и искажлива како претходно, но имаат проблем што никако не успеваат да го надминат; кој засега не ги разнишува нивните меѓусебни односи, но секогаш не можат да го задржат во себе; како да им олеснува кога ќе го спомнат или ќе го споделат со некој искрен и доверлив: да добијат рожба, макар една единствена.

Што сѐ не пробале, на што сѐ се изложиле досега, ама ништо. Неколкупати се обиделе со вештачко оплодување. Она што најмногу ги погодило, долго ги депримирало, дури во еден период го обесмислило нивниот брак, бил резултатот од испитувањето на плодноста на обајцата. Имено, и кај Лилјана и кај Ѓорѓија таа се покажала несомнена, неспорна. Како тоа?! Тогаш, кој е проблемот? Им открија „некомпатибилност на партнери на зачнувањето“!

Прочитај и за ... >>  МЕНЛИВИ И НЕМИНЛИВИ ДРЕБНАВОСТИ, раскази/ескизи

Никако не се решаваат да посвојат дете. Обајцата сметаат дека тоа може да биде решение, да им го збогати заедничкиот живот со нови содржини, а голем дел од него да му го посветат на неговото одгледување, растење и развивање. Да, знаат дека многу нешта од корен ќе се сменат во секој од нив, најмногу во радоста и спокојството помеѓу нив. Меѓутоа, многу нешта постојано ги одвраќаат од таа идеја. Најмногу свеста и чувството дека тоа нема да биде нивна рожба, како и стравувањето од моментот по многу години, кога ќе порасне, ќе созрее, ќе се осамостои да ги негира, па и да ги отфрли како родители, а да ги побара биолошките.

Лилјана и Ѓорѓија Соколови решија да вдомат миленик од кучешкиот род. Истражувајќи, откривајќи и запознавајќи се со карактеристиките на неколку раси, на обајцата наблизок им дојде шарпланинец. Воопшто не ги поколеба тоа што живеат во стан, па е прилично проблематично да се чува и негува таков пес кога ќе порасне. Затоа што беа решени многу брзо да го заменат со куќа на периферијата на градот, а со оглед на приходите што им ги овозможуваа нивните професии; таа доктор по општа медицина, а тој електроинженер.

Прочитај и за ... >>  МЕНЛИВИ И НЕМИНЛИВИ ДРЕБНАВОСТИ, раскази/ескизи

Верно имаше триипол месеци кога го купија од еден одгледувач на шарпланинци. Со темносиво крзно, наместа црно. Сега е голем пес, наполни година ипол. Го чува и рани домашна помошничка. Во дворот на куќата му изѕидаа посебна голема посторија, а го пуштаат да трча низ него или го шетаат во блискиот парк врзан со синџир.

Својата добродушност, приврзаност и трпение Верно не ги искажува само спрема Лилјана, Ѓорѓија и помошничката, туку и спрема мене и децата во тесниот сокак. Се палавиме заедно дододека не малаксаме.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here