Потребно време за читање: 2 минути

Да се премолчи толку значајна инвестиција за Република Македонија, како што тоа го сторија некои медиуми исклучиво од партиски- опозиционерски интереси, е не само непрофесионално, туку и некоректно пред се спрема сопствените гледачи- читатели. Особено оти се работи за производство со многу идни поврзувачки „елементи“- пред се тн. „зелена енергија“.

Швајцарската компанија „ЕНФЛО“ почнува со изградба на првата од вкупно 4 производни хали, за ветерни турбини. Производството се очекува да стартува до крајот на октомври годинава, а е наменето за европскиот пазар. Локација: регион на Желино, покрај автопатот Тетово- Скопје. Првата хала ќе чини 5 милиони евра, ќе се простира на 3.500 метри квадратни, на земјиште од 2,5 хектари. Во неа ќе се вработат 100- мина работници. Во сите 4- најмалку 500 луѓе.

Целата инвестиција би требало да достигне 20 милиони евра.
Генералниот директор на „ЕНФЛО“, Дирк Сус, со интересно согледување и решение на компанијата:

„ Земјиштето во Бунарџик беше многу атрактивно како пакет понуден од Владата, но ние разгледавме и други фактори што имаат предност, како што се работната сила, пристапноста на регионот. Со оглед на сето тоа, се решивме да го купиме земјиштето тука, наместо да инвестираме во Бунарџик“.

Прочитај и за ... >>  „Незгодна“ ситуација

Вицепремирот Владимир Пешевски има полно право (сте забележале ли дека „спротивната страна“ има„уважувачки“ однос спрема него, наспроти сите други владини функционери?) дека и оваа инвестиција е уште еден доказ за правилната стратегија на Владата за привлекување странски инвестиции и воопшто за подобрување на бизнис климата. (Ова не е моја согласност или „поддршка“, „заземање страна“, туку на експерти и бизнисмени кои знаат и разбираат што значи странска инвестиција, сеедно мала или голема, а особено од ваков тип.)

-Се работи за странска инвестиција која не само што ќе влијае за отворање на нови работни места, туку и за трансфер на технологија. ЕНФЛО во производните погони ќе користи последен збор на технологијата во оваа област, што е многу важно за нас како земја, бидејќи станува збор и за трансфер на знаење“.

Треба ли да воошшто да се зборува за иднината на ветерниците во Македонија, регионов, во светот, за алтернативната енергија (од ветер)?

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here