Потребно време за читање: 2 минути

981. Слеп гледа низ розови очила.

982. Сè помалу од мене за мене, а сè повеќе од мене за секого и никого.

983. Лоши знаци навестувачки навалуваат во сè подлабока ноќ.

984. Ништо случајно велепредавничко, предавничко и мафијашко во геостратешката политика. Сè однапред предвидено и детално испланирано.

985. Ќе го кркаат дебело!

986. Премиерот се згрозил откога предоцна разбрал дека некој без негово знаење му доделил македонско државјанство на мафијашки „коњаник“, ставен на американската црна листа! Згрозувањето ептен му се гледа на лице!

987. Порачува стар бел дедо:
Ако на „стратешкиот партнер“ му е преку глава од северномакедонскиве мафијаши на власт, би „реагирал“ буквално преку ноќ. Со црни вреќи за на глави.

988. Почна да им гори под нозе?!

989. Да се знае за однапред:
Ниедно ветување без личен залог.

990. Толку се извалкани и погани, и толку извалкаа и испоганија, што ќе треба баеѓи време за чистка.

Прочитај и за ... >>  АФОРИЗМИ И ДРУГИ ЈАДРОВИЗМИ ИЛИ ПРОБЛЕСОЦИ ВО МИСЛАТА XVIII

991. Логиката вели:
Во најсиромашни земји е најтешко да бидеш вистински политичар.

992. Хахаха!
И досега сум добивал вакви паметни бизнис-идеи:
„Зошто не го продадеш твоето грандиозно мислечко и книжевно творештво на некој странски издавач?“
Стварно, з`ш да не?
Значи, го продавам моето творештво (издавањето, не авторското право) за 1.000.000 евра-стотина дела!
Ако некој понуди повеќе, ќе се позамислам па ќе решам.

993. Се осилиле слуги и платеници на туѓински силници.

994. Се пазарат партиски пазарџии за власт што го краде народот и ја ништи државата.

995. Самосвесни, слободоумни и самобитни ни со едни ни со други.

996. Македонството извира од патриотизмот. Кој не го разбира тоа, не е патриот.

997. Ем пливаат во матна ем ловат во матно!

998. Партиска власт:
Прво си ги делат ресорите, министерските и директорските места, после во нив си сместуваат свои најблиски и партиски лигуши, па владеат крадејќи го народот и ништејќи ја неговата држава.

Прочитај и за ... >>  АФОРИЗМИ И ДРУГИ ЈАДРОВИЗМИ ИЛИ ПРОБЛЕСОЦИ ВО МИСЛАТА XVIII

999. Ако не ја даваш, носи си ја дома.

1. 000. Народот избира?! Како да не!