133. Прво се отсекуа диво месо со нож, па после со сатар се сечат коски до срж.
134. Вака ами како-каубојски:
Сè на список и сè по список. Преку ноќ.
135. Нит` им доаѓам на ум, нит` ми се во умо.
136. Остај ги ноќум да си го берат гајлето.
137. Неучени, приучени и недоучени лигуши во натурена протекторатска власт.
138. Не политиката, а политичките слуги на туѓини и лигуши се курви со тапии.
139. Не да ве нема, ами ќе ве снема по сè шо му сторивте на народо и негоата држава.
140. За жалење е невестава. Ништо арно не прај од шо не го разбира положајо на кој ја кладоја.
141. Напрај сè шо можиш за партијата да ти остани на власт. Оти ако падни, и ти со неа, нагло ќе скокнат и невработеноста и неписменоста!
142. Сите знаат сè, ама се праат наудрени.
143. Блазе си му! Ем живеј и работи во сранство, ем негоата партија го вработила дома за да зема плата.
144. А бе чоек, свести се. Ништо не им можиш. Зад ними и со ними е стратешки партнер.
145. Му наредија повлекуј се, доста беше со тебе, и него преку ноќ го снема.
146. Јадиш трици и престануаш да јадиш ко ќе ти кажат доста јадиш. Е то ти је политика.
147. Ќе те клаат на чело оти знајш да ја држиш глаата наведена.
148. Никој не можи да стаса толку далеку, ко шо можи пајако кој исплел и оптегнал пајакова мрежа околу себеси.
149. Не можи на власт без пари кај шо власта е за пари.
150. Суратите им се карикатурални.
151. А бе, нели ви се смачи од лажење? Не сфаќате оти никој ништо не ви веруа?
152. Политикант невешто глуми политичар на власт.
153. Сосед непријател не го крие непријателството. Само одвреме-навреме се премаскируа во добрососед.
154. Кога не те бидуа за зборење, прај се оти мудро молчиш.
155. Поарно да те нема ако за ништо не те бидуа.
156. А фати власт во раце, а почнуа да се дебелеј!
157. Ојдоа држава и нејзин народ во бестрага!
158. Ем боси во умо, ем шути крадачи. А властољубиви властодршци.