Потребно време за читање: < 1 минута

14. Ѕид на врамена дамнина

Откривам дебел камен ѕид помеѓу трошниве куќи крај земјениов пат што води до извори под панинана. Од не многу дамнешна трошна куќа која се разурнала оти веќе немало кој со што да ја крепи. Ми се чини дека издржала до пред едно или две годишни доба.

Го откривам бавно, постапно, малу по малу секој ден. Всушност, внимателно го ослободувам од наслојките сува земја навеани од секакви ветришта.

Веќе сум речиси на крај, да го откријам до кај што почнува. Овде-онде е задимен, па тоа ми укажува дека е можеби дел од ѕид што обѕидувал огниште. Во секој случај, не бил за бранење на живот од посегања на туѓини.

Зошто се овие траги на неговава внатрешнина, кон запад, кои формираат големи и мали квадратни и правоаголни форми како рамки? Сигурно ги направила, па ги оставила, со намисла не ги избришала човечка рака. За да сведочат? За што?

Прочитај и за ... >>  ОГНИШТЕ, роман во продолженија

Откако темелно ја проучив содржината во нив-длабнатините, испупченостите, мазностите, заклучив дека се за паметење на живот и опстој во многу векови. Сѐ до нечија последна смрт.

Открив ѕид на врамена дамнина.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here