Потребно време за читање: < 1 минута

Проѕирката е мала и од поодамна. Се појави малку време откога се обѕида со ѕидови до небо, надевајќи се дека ќе го одбранат од минливоста на времето. Не на неговото, туку на годишните доба кои како сѐ повеќе да навлегуваа во неговите коски, забрзувајќи го снеможувањето.

Низ неа секое утро, напладне, па и пред самрак продира зрак сончевина. Веќе срасна со него. Го поздравува со ведра насмевка, дозволува да го допре, да му го обзема телото. Неретко надолж и нашир му ги раскажува соништата, надежите и сомнежите кои му ја беспокојат самоста.

Никогаш не ни помислил да го затвори процепот со што да е. Ниту макар за миг да го покрие со своето тело.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here