Потребно време за читање: < 1 минута

113. Крајпатно сметиште

Запира џип на свиок на каллив пат, пред големо сметиште. Од него излегуваат старец во осумдесетти години и дваесет и пет-шест годишен младич.

Стариот:

-Под ова огромно сметиште, внучко мој, има темели на старо здание, од деветнаесеттиот век. Пред војната беше палата на некој веќе незнаен богаташ. Ја преживеа, а по неа стана Музеј на борбата и слободата. Го срамнија со земја туѓиниве на власт.

Младичот:

-Значи, ако се тргне сметиштево темелите ќе излезат на виделина и врз нив ќе може да се изѕида истото или ново здание?

Стариот:

-Така е. Ама нема кој да го стори тоа. А и сметиштево секој ден се натрупува со нов смет.

Се вратија во џипот и продолжија по калливиот пат.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here