Потребно време за читање: 2 минути

36. Брзачани и громничани

Брзачани се простодушни, простосрдечни, чесни и искрени, луѓе од збор, но најпрвин мирни и достоинствени. Сами докажуваат дека се такви оти живеат во Брзак, село со подесетина куќи во подножјето на шумовита голема планина. Во која на недостапно место е изворот на брзата рекичка Шумна, со каменито корито од последната до првата куќарка среде ливада.

Громничани се различни од брзачани, ама и се разликуваат едни од други. Сами докажуваат дека се такви оти живеат во соседното село Громник, село со дваесетина куќи на почетокот од недогледна пустелија. Едни се громогласни, а на други ни глас не им се слуша. Едни громовито запустуваат до што ќе се фатат, а други потајум сѐ пеплосуваат. Едни се јуначат во сѐ и при сѐ, а други се плашат да не удри гром близу или далеку, та да запусти сѐ пред оган да се распламти. Едни се прилагодени на секакви невремиња, чекаат какво било надевајќи се дека нема предолго да чекаат, а други ги јаде јанѕа невреме да не ги најде на отворено, па единствено да им остане надежта дека нема да гиопфати, да ги обземе, да ги зароби.

Прочитај и за ... >>  МЕНЛИВИ И НЕМИНЛИВИ ДРЕБНАВОСТИ, раскази/ескизи

Да, брзачани и громничани во сѐ и според сѐ се разликуваат едни од други. Затоа ниту вчера се мешале, ниту денес се мешаат меѓусебно. Живеат разделени со меѓник, една неплодна нива со високи голи стени на почетокот и крајот. И тоа мошне строго, остро, тврдокорно, без исклучок. Имало случајности, но тоа совреме било запрено, прекинато, пресечено. На пример неколку големи љубови без вљубените да се познаваат како соседи, кои по дознавањето морале да се заборават, љубовта болно, долго па и незаборавно да ја онемат во себе.

По непрестајни и долготрајност сушни невремиња едни по други, брзачанецот Миро Костеновски и громничанецот Облак Стрелковски се сретнаа на почетокот од меѓникот во обид да се договорат откако на громничани им секна последниот бунар, а на брзачани им стана видливо намалувањето и заматувањето на водата на Шумна.

Миро Костеновски:

-Најпрвин мораме заедно да сториме сѐ да ја сочуваме Шумна. Во планинана да ѝ најдеме нови дотеци на вода, па потоа да ѝ направиме крак до Громник.

Прочитај и за ... >>  МЕНЛИВИ И НЕМИНЛИВИ ДРЕБНАВОСТИ, раскази/ескизи

Облак Стрелковски:

-А што да прават дотогаш громничани?

Миро Костеновски:

-Нема дотогаш. Веднаш да почнеме и да ја забрзаме работата. Иста ни е маката. Вода ќе ни обезбеди општината со цистерни. И нам и вам.

Облак Стрелковски:

-Имај предвид дека Брзак има педесетина, а Громник сенасе дваесетина куќи. Згора, во Громник останаа само два-тројца млади мажи што уште не заминале во туѓина. Најмногу се стари, немоќни и пред умирање.

Миро Костеновски:

-Знам, ама и ти имај го предвид истото во Брзак.

Наднаш небото го покрија два црни облака. Почна да секаат секавици и насекаде да удираат громови. Се истури пороен дожд.

Миро Костеновски и Облак Стрелковски се разотидоа недоговерни.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here