Ѓаволот во човекот

0
31
Мислител mislitel

Ѓаволот во човекот е злоба, пакосник, надменик, омраза…штом ќе му влезе. Против него најлесно заедно со други во спокој, со мудрост, пријатели и најблиски неоддалечени.

Ѓаволово дело
(Ако влезе во човекот, ѓаволот се до смртта не остава ништо здраво.)

Ѓаволот не копа, ама поткопува. Ако влезе во нас, не запира се дури не се струполиме на земја за умирачка.

Согледба за спокој
(И кога си сам е добро да се најмногу со тебе.)

Реклама

Малку се пред мене, многу зад мене, а најмногу од сите се со мене.

Молчењето и зборувањето
(Мудрост е да знаеш малку да зборуваш и да молчиш.)

Мудрите луѓе молчат кога другите многу зборуваат, а малку зборуваат кога другите молчат.

Од најдрагоцените за човек
(Со пријателите е се полесно. И со ѓаволот дури не влегол во тебе.)

Пријателството се раѓа во спокој и ведрина, расте со грижа и поткрепа, не гасне пред саможртва и загроза.

Последица
(Секоја е како трага на постоење, радосна или жална, посакувана или болна, очекувана или ненадејна. Неизбришлива со непреболно минато.)

Кога најблиски ти се далечни, многу од твоето време е самотно и немо, та од секој ден и секоја ноќ се откинува по некој здив со одземено, откорнато или непреболно минато.

Ај со добра мисла нека ни е денов, а и ноќта по него.